Имунизацијата во Македонија ќе почне во февруари, првите дози вакцини против ковид 19, ќе стигнат од Кина, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Точниот датум кога ќе пристигна првите 200.000 вакцини од кинески Синофарм ќе се знае утре или задутре.
Друга пратка вакцини треба да стигне преку Ковакс системот и ќе бидат од компанијата Астра Зенека.
Тие ќе дојдат во Македонија во текот на месец март, информираше министерството за здравство.
Предвидено е до средината на годинава да бидат диструбуирани помеѓу 100 и 175 илјади дози од британско-шведската компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.