Министерот за здравство Венко Филипче негира дека високи функционери од власта се вакцинирале против Ковид-19.
Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден фуницонер, ниту еден министер во Владата, ниту еден директор.Списоците се регрутирани од страна на сите ЈЗУ во кои се лечат или прегледуваат пациенти со Ковид, болници, клиники, здравствени домови, приватни здравствени установи, приватно стоматолошки установи, матични лекари и тоа е единствениот налчин на кој луѓето се вакцинираат. Слободно дојдете, уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок – изјави Филипче одговарајќи на пратеничко прашање.
Тој објасни дека Националната стратегија за имунизација е правена врз основа на светските критериуми. Консултирани се меѓународни организации, СЗО, други развиени европски земји.
Ние сме една од ретките земји во која целосно се вакцинирани здравствените работници кои работат со ковид пациенти, пожртвувано 24 часа на ден, цела измината година посебно сега кога цела средна Европа е зафатена од многу силне бран со Ковид-19. Се што значи дозволен пристап на податоци за кои самите граѓани ќе се сложат да ги отстапат своите податоци како дел од своето здравствено досие, дојдете и земете ги – потенцираше Филипче.
Тој изјави дека во Националниот план за имунизација се превидени повеќе сценарија.
Масовната вакцинација ќе започне на почетокот на месец април и тоа ќе биде дистрибуирана насекаде низ државата и ќе почне со критичните категории на граѓани над 70 години кои имаат хронични болести – изјави Филипче.
Министерот Филипче во одговор на друго пратеничко прашање, ги отфрли тврдењата за криминални и спорни постапки за набавка на вакцини.
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека кинеските вакцини требале да бидат набавени преку фантом фирма со тројца вработени и дека тие требало да бидат купени за двојно повеќе поголема цена.
Во нашите постапки и набавки ниту има нешто спорно, ниту има нешто криминално, ниту има провизија – изјави министерот за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.