Состојбата со новиот бран од пандемијата станува критична, болниците во Скопје се полни со КОВИД пациенти, па од денеска ќе се отвораат нови капацитети, за да се прифатат пациентите не само од главниот град, туку и од внатрешноста, каде веќе нема слободни болнички кревети. Здравствените каработници веќе ги прекинуваат годишните одмори за да се вклучат во КОВИД-центрите кои повтроно активираат. Најдраматично е во болницте низ градовите каде има помал опфат на вакцинација.
ПРЕОПТЕРЕТЕНИ СЕ БОЛНИЦИТЕ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР, ДЕЛУМНО ВО КИЧЕВО И СТРУГА. ТУКА Е ИСПОЛЕНТА ИНФЕКТИВАНТА КЛИНИКА, МОДУЛАРНАТА, ИНСТИТУТОТ ЗА ТУБЕРКУЛАЗА. ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ДА РАБОТИ И БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ, КАДЕ ИМА 120 КРЕВЕТИ СО ЦЕНТРАЛЕН ДОВОД НА КИСЛОРОД. НИЕ КОНТИНУИРАНО СМЕ ВО КОМУНКАИЦИЈАТА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ТЕТОВСКАТА И ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА, НА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ КОЈ ШТО МУ Е ПОТРЕБНО БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ ГО ПРАЌААТ ТУКА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ.
Филипче вели дека големиот број на починати се должи на тоа што повеќето пациенти доцна доаѓаат во болница, со намалена сатурација, а голем дел од нив имаат и хронични болести, не биле вакцинирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.