Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ваквото пополнување на болниците го предвиделе уште на почетокот.
Ова беше нешто што на самиот почетокот на кризата предвидовме дека ќе се случи и само за илустрација за тоа како и зошто, и што направивме, тоа е дополнителниот капацитет на монтажната болница која ја додадовме пред Инфективната болница, истакна министерот Филипче.
Посочи дека е горд како здравствените работници изреагирале.
Се престроија за нешто за кое никогаш не беа спремни, ниту здравствениот систем кај нас не бил подготвуван да одговори на еден ваков предизвик, смета Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.