Сакам да упатам порака до граѓаните. Панедмијата во светот не стивнува, постојано расте. И во Македонија бројот постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линеaрано, односно секој ден имаме приближно ист број случаи, со кој здравствениот систем може да се справи. Влегуваме во вториот месец од борбата, која целосно ни ги промени животите. Пред нас е најтешкиот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас – рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.