Првиот човек на здравство, Венко Филипче во интервју за Телма говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија, која никако да се смири.

Тој истакна дека за дополнителни рестрикции засега не се размислува, но сериозно ќе ги засилат контролите на спроведувањето на веќе постоечките мерки.

Ќе има доволно ПЦР тестови за да се тестираат вработените во јавната администрација кои нема да сакаат да се вакцинираат, а ќе мора да прикажат негативен тест. Не сакаме да стигнеме до она што го најавува Австрија, целосно затворање. Земјите во регионот имаат полоша слика од нас, не е задоцнета оваа мерка“, рече министерот за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.