Македонските државјани кои се на возраст под 60 години и примија прва доза на вакцина против ковид-19 од „Астра Зенека“ во Србија, нема да можат да се ревакцинираат со истата вакцина во земјава.
Ова го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју за „360 степени“. Тој појаснува дека ова е така, бидејќи државата одлуки вакцината на „Астра Зенека“ да не ја дава на лица под 60 години.
„Има граѓаните кои во Србија примија и друга вакцина, па се ревакцинираа во земјава. Нема да може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ само помладите од 60 години, поради одлуката што ја донесовме да не се дава таа вакцина на оваа категорија на граѓани. Но, нашите ескперти ги следат ставовите на многу различни агенции на европски земји за тоа дали ќе може евентуално како ревакцина да се прими друга вакцина од друг производител. На пример, Германија препорачува за втора доза односно ревакцина да биде вакцината на ‘Фајзер’“,
рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.