Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е се уште тука, се значајни за подигање на свеста кај граѓаните.
Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот истакнува дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот.
Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба, посочува Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.