Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска министерот за здравство Венко Филипче Филипче очигледно заборава дека пациентка умре во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород.изјави дека тие даваат се од себе, а ВМРО-ДПМНЕ не помага.
Ние даваме сѐ од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат, рече министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на прашање за барањето оставка од него од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска организираше протест пред Министерството за здравство.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат:
Филипче е глава на систем во кој се вакцинира преку ред. Со недели немаше клексани. Народ примаше инфузии во болнички дворови, а живи луѓе лежеа со починати. Филипче е човекот кој го урниса здравството. Наместо да набавува вакцини, Филипче лета со хеликоптер и вози мотори со Заев. Филипче, џабе смислуваш лаги, кој да ти верува? Па народот на своја кожа ја чувствува твојата неспособност. Еден добар совет од ВМРО-ДПМНЕ, не го лути народот со твоите лаги, ако не те бива дај си оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.