Министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести посочи дека полицискиот час не е решение, туку неопходно е граѓаните да ги почитуваат мерките.
Во однос на високата бројка на починати, Филипче истакнува дека голем број од починатите од Ковид-19 имале други хронечни болести.
Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна доаѓаат во болница – вели Филипче.
Тој додаде дека за в среда закажан е и состанок на кој ќе се разговара за вклучување на приватните интернисти во процесот за справување со корона вирусот.
Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови. Ќе разговараме за нивно вклучување во системот на дежурства – изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.