После вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини, објави порталот „Магазин“.

Според нашиот извор од министерството за здравство, министерот Филипче чувствувал морална одговорност затоа што тимот на министерството за здравство не успеал да ја сузбие епидемијата на морбили која трае веќе 4 месеци, а зад себе остави 30 мртви луѓе и пет неродени бебиња меѓу 4ти и 6ти месец на бременоста, абортирани заради заразата. Се очекува во следниве неколку дена од премиерот Заев да се изјасни дали ќе ја прифати понудената оставка од министерот Венко Филипче, пишува порталот.

Целата вест прочитајте ја на „Магазин“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.