Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.
Во секој случај тоа што е најважно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година – изјави Филипче по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека сè уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес.
Тој најави дека потоа ќе излезат со конкретен процент.
Сега се вакцинираат и наставниците кои треба да почнат со физичко присуство, ако е сè добро и стабилно, а сега држеа онлајн настава. Тој процес ќе заврши оваа и следната недела, па ќе го знаеме точниот процент – нагласи Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.