За поголемиот број на граѓани кои треба да се ревакцинираат од 17 до 20 јуни во Србија, министерот за здравство Венко Филипче рече дека разговарал со неговиот српски колега Лончар, за нив да се организира вакцинален пункт, кој би бил поблиску до границата, во Врање или во Ниш.
Има расположение од српската страна тоа да се организира и тоа е во насока на нашите добрососедски односи, вели Филипче.
Тој информира дека на веб-страницата за ревакцинација во други држави се пријавиле околу 1000 наши граѓани.
Министерот за здравство потенцира дека не постои граѓанин во државата на кој не му е обезбедена и втората вакцина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.