Венко Филипче, министерот за здравство изјави дека ќе почека да заврши истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка на функцијата.

Синоќа, на 8 септември, 14 пациенти загинаа, а 12 се повредени во пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово во која се лекуваат пациенти болни од ковид-19. Болницата изгоре до темел.

Никогаш не бегам од одговорност, ниту ќе бегам. Ќе чекам да заврши истрагата за несреќата, а по завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Тешко е со зборови да се опише тежината и болката која ја чувстувам по несреќата во Тетово, изјави Филипче на денешната прес-конфренција.

Филипче соопшти дека двајца лекари и четири медицински сестри биле присутни во болницата. 12-те пациенти кои се повредени се евакуирани во болницата во Тетово и нивната состојба е стаббилна.

Нема повредени и починати здравствени работници, рече Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.