Според последните информации од Министерството за здравство активни се 18469 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство оцени дека рестриктивните мерки кои се на сила, даваат резултати, оти е намален бројот на позитивни случаи, но нагласи дека периодов мора да бидеме исклучително внимателни.
– Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.
Во земјава се воведени рестриктивни мерки кои подразбираат полицискиот час кој почнува од 20:00 часот, затворени кафеани, кафулињата, како и угостителскиот дел од обложувалниците кои можат да примаат уплати преку наплатен пулт. Забрана за работа имаат фитнес-салите, спортските и салите за вежбање, а се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.