Предлог план за намалување на мерките кој ќе се одвива во неколку фази, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, предлогот е донесен од страна на комисијата за заштита од заразни болести, врз основа на повеќе параметри кои го овозможуваат таквиот чекор.

На новинарско прашање дали е возможно одржување на изборите, тој наведе неколку аргументи поради кои смета дека периодот пред нас ќе биде мирен и ќе има можност за одржување на избори.

Во однос на изборите сите тие процеси, овие мерки коишто ги носиме, овие предивдувања коишто ги даваме врз основа на анлизите коишто ги правевме досега, истите параметри коишто се анализираат цело време. Заради тоа што наш став, наш начин на работа во целиот овој период е да сите овие мерки ги димензионираме врз основа на бројките на пациенти. Пред нас е еден мирен период, заради тоа што имавме досега строги мерки, видливи се резултатите од рестрикциите на движењето и затворените граници, Според дискусијата, според предвидувањата сметаме дека пред нас е еден мирен период, период во којшто може да се изменаџира овој евентуален број на пациенти со којшто може да се соочиме. Тоа што е на некој начин е што сите новодијагностицрани пациенти се во врска со точно утврдени настани, еден погреб во Тетово, еден настан семеен во Скопје. Отворените граници, патувањата, влезот на наши граѓани во странство и враќање назад, деца во училиште…тоа се фактори коишто може да ја влошат епидемиолошката слика. Тоа се предвидувањата врз основа на научните сознанија, такви се предивувањата и затоа сега врз основа на тие анализи го препорачуваме ова олабавување на мерките.

Тоа се аргументите зошто сметаме дека периодот пред нас ќе биде мирен и ги кажав ризците, коишто таа епидемиолошка слика можат да ја влошат, а врз основа на чии предвидувања ги воведовме рестриктивните мерки, кажа Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.