Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека пациентите кои одат во приватните болници, тоа го прават по своја волја, и дека во државните ќе добијат ист третман.

Филипче реке дека повикот на претседателот Стево Пендаровски до сопствениците на приватните клиники да ги намалат цените, е негов апел.

Веројатно тоа е негов апел. Но, што е важно да се знае: Сите пациенти кои одат во приватните болници, го прават тоа по своја волја. Се нема случено да нема место или соодветен квалитет или било каква разлика или некој да сака да оди поради некоја разлика. Сè што се прави во приватните болници, секој пристап на лекување, е буквално идентичен како и во државните. Здравствениот ситем од почетокот на кризата буквално за сите пациенти обезбеди сè што треба и што требаше да имаат соодветно лекување, рече вечерва Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.