Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека е на пат кон Тетово каде целосно изгоре модуларната болница. Во модуларната болница беа сместени лицата заразени со коронавирус.
„Во моментов се движам накај Тетово каде, за жал, има пожар во Ковид центарот. Во најскоро време по увид на состојбата ќе споделиме официјални информации што точно се случува. Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата“, напиша Филипче на твитер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.