Министерот за здравство Венко Филипче од денеска ќе биде во домашна изолација, откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска соопшти дека е позитивен на ковид-19.
Филипче вчера беше на состанок на кризниот штаб на Куманово.
Од денеска ќе бидам во домашна изолација. На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни. Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација, напиша Филипче на Фејсбук.
Министтерот за здравство изјави дека тие ја имале предвид ситуацијата и се подготовувале за ова сценарио.
Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата. Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето, напиша Филипче на Фејсбук.
Претходно и Бујар Осамни најави дека во следните денови ќе остане во домашна изолација, бидејќи и тој вчера беше на состанокот во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.