Венко Филипче, сфаќате дека сте директен соучесник кон смртта на еден куп луѓе кои ги газат овие ходници, негирајќи го фактот дека здравствениот систем е во тотален хаос и колапс?
Кого лажете? Дали сте при здрава свест и разум?, прашува пациентка заразена со ковид-19 која во својот статус на фејсбук ја опишува сета неорганизираност и премореност на здравствениот систем за кој министерот тврди дека е под контрола.

Еве само да знаете дека НИШТО НЕ Е ПОД КОНТРОЛА и да видите ЗОШТО има пандемија. Со симптоми седев дома и чекав да се тестирам 10 дена (бидејќи нема термини/нема тестови), решение за изолација добив на Вибер после 4-5 дена од позитивен тест( а во меѓувреме ако не бев совесна, 15 дена имав слобода да се движам и да го ширам вирусот колку сакам и како сакам) и сега згора на сѐ, после 20 дена сеуште чекам да се јави епидемиолог, за да добие решение мајка ми, која се изолираше во ист стан со мене и беше со клиничка слика. По редот на нештата мајка ми од утре треба да почне на работа, на позиција здравствен работник, а притоа и понатака има последици/симптоми и била во директен контакт/престојувала со заразен?
Притоа, на работно место, таа отсуството мора да го оправда (и се јавуваат секој ден) или да си го плати боледувањето од Ковид 19 а моето решение не се зема во обзир.
Контактирани се сите броеви, пишани се пораки – нема никаков одговор од никаде.
Венко Филипче што е под контрола?
Дали знаете во каква состојба е болницата во Битола?Ако не знаете, ќе ви испратам видеа и фотографии, кои ги направив изминатиов период кога морав да ги поминувам тие ходници и да го гледам хоророт на помодрени луѓе кои се гушат, со високи температури, не тестирани кои ги враќаат од шалтер зошто не им е тука местото или пак со последните здивови се приморани да чекаат редици од 50 луѓе пред нив, да видите од прва рака.
Да си видите како лекарите, вашите колеги и сестрите не можат да стојат на нозе, зошто по цело дежурство се по еден и од навала на пациенти не стигаат вода да се напијат а и понатака во ходниците им умираат луѓе. И за тоа не е крив народот драг мој Венко, крив е системот врз кој очигледно веќе НЕМАТЕ АПСОЛУТНО НИКАКВА КОНТРОЛА.
Лицемерно и безобразно е да кажете било што друго.
Дали знаете колку позитивни луѓе се на работа денес, од што нема како да правдаат отсуство?
Дали знаете колку луѓе умираат дома, со пнеумонии и во агонија чекајќи да се тестираат?
Каков третман/заштита од вас/државата добиваат оние кои ви се на прва борбена линија – здравствените работници?
Дали сфаќате дека сте директен соучесник кон смртта на еден куп луѓе кои ги газат овие ходници, негирајќи го фактот дека здравствениот систем е во тотален хаос и колапс?
Кого лажете?
Дали сте при здрава свест и разум?, прашува пациентката заразена со ковид-19.

Еве само да знаете дека НИШТО НЕ Е ПОД КОНТРОЛА и да видите ЗОШТО има пандемија. Со симптоми седев дома и чекав да се…

Posted by Evgenija Zdravevska on Thursday, 3 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.