Новите предлог мерки за вработените во јавниот сектор не пропишуваат задолжителна вакцинација, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче, коментирајќи ја забелешката на генералниот секретар на УПОЗ, дека според ОН антиковид вакцината не е задолжителна, Филипче вели:
Не е точно дека ова е присилна вакцинација. Апсолутно имаат право граѓаните да не се вакцинираат и притоа еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и да докажат дека се негативни на ковид. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено, рече министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.