Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Само интервју” на телевизијата „Канал 5″ рече дека од почетокот на епидемијата во нашата држава имало доволно тестирања. Тој потенцира дека секоја држава има различен пристап на тестирање и затоа бројката не може да се споредува. Министерот рече дека со интензивното тестирање кои се одвива деновиве целта е да се откријат асимптоматските случаи.

– На почетокот ги тестиравме позитивните симптоматични пациенти. Тие беа тестирани во болница или врз основа на алгоритмот кај матичните лекари. Стратегијата се надгради со скринингот. Во градинките почнавме скрининг. Сега за време на овој бран, ги тестираме оние контакти кои се од висок ризик и имале физички контакт со заболеното лице. Од почеток на пандемијата немавме недостаток на тестови. Лабораторијата во одделот вирологија при Институтот за јавно здравје беше целосно опремена уште на почетокот на епидемијата Таа е акредитирана по стандарди на Светската здравствена организација (СЗО). Во неа работат врвни експерти. Нашата експертиза, во смисла на консултација, ја користат и околните држави, истакна Филипче



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.