Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека медиумите во целиот овој процес на спречување на ширење на коронавирусот и биле партнери на Владата, а за реакциите дека одговорите на некои прашања денеска биле со нетрпеливост, рече дека намерата негова или на д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести или на д-р Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје не била со некаква намера или тенденција.
И во овој момент стигнуваат реакции за можеби нетрпеливост при одговорите, еве дозволете да кажам ако имало таков начин и од мене за време на прес-комференцијата и од д-р Караџовски и од д-р Зибери дека тоа не е со некаква намера или тенденција, кажав и претходно дека целокупниот овој процес го водиме партнерски со медиумите и во таа смисла и здравствениот систем, и медиумите и граѓаните и институциите кои треба да вршат контрола и санкција се заедно. Сите сме во оваа борба, секој има свој удел и секој има своја улога. Ние не можеме да ја испратиме пораката до граѓаните кои се еден многу голем сегмент во оваа борба ако не се медиумите. Сакам да се заблагодарам на сите медиуми за коректниот однос во целиот овој изминат период – рече Филипче.
На почетокот на ширењето на коронавирусот, како што кажа, тој самиот ги одбивал новинарите да влезат во институциите, тогаш не знаејќи со што се соочуваме и сакајќи да се заштити нивното здравје.
Јасно е сега дека во тие изолирани оддели со соодветна заштита е сосем сигурно бидејќи нема заболени, бидејќи ги почитуваат протоколите за заштитна маска, визир, соодветен мантил. Апсолутно се покажа дека еден сериозен процент од луѓето не веруваат дека постои вирусот. Тоа го видовме од неколку анктети, од кажување на луѓе, од терен и во таа смисла, ама претходно осигурани дека новинарите може да бидат заштитени и дека тоа ќе биде без ризик по нивното здравје, се сложивме дека може да влезат во болниците и да поразговаат и со болните – рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.