Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за барањата на угостителите и музичарите.
Во текот на вчерашниот ден имавме средба со независна угостителска комора коишто бараа да се отворат ноќните клубови и да се одржуваат свадби. Апсолутно сметаме дека е тоа неприфатливо. Свесни сме притоа дека доколку има мерки коишто ние ги препорачуваме и некои од компаниите трпат некаква штета, дека тука е државата да им помогне и финансиски и со соодветен план за поддршка. Во таа смисла ќе се одржат и состаноци со економските сектори, со премиерот лично за да им се укаже на тоа колку е битно да се почитуваат овие протоколи. Дека токму на тие настани коишто тие бараат да се одржуваат се случуваат прекршување на мерките и имаме мини кластери од таквите настани, вели Филипче.
Зборувајќи за примери од повеќе земји каде повторно се ограничува работата на угостителските објекти Филипче оцени дека до тоа нема да дојде доколку се почитуваат сегашните протоколи, како и дека нема пренесување на вирусот доколку се седи на маси и доколку нема музички настани на кои се стои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.