По денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој е донесена препорака за прогласување на кризна состојба, на новинарско прашање зошто не се воведува полициски час министерот за здравство Венко Филипче истакна дека таквата рестрикција не би имала никаков ефект.

Рестрикција во движењето, во смисла на полициски час сега сметаме дека нема да има никаков ефект. Заради тоа што тоа што треба да се превенира се групирањата и тоа што задолжително треба да се прави е да се носат маските и на отворено и во затворено. Тоа се основните принципи за превенција на ширење на вирусот, рече Филипче.

Од почетокот на пандемијата, нашата земја брои 50.015 заразени лица, 19.035 активни случаи, 29.583 излечени пациенти, како и 1397 кои ја загубија битката со Коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.