На денешната прес-конференција по посетатана Поликлиниката во Бит-пазар министерот за здравство Венко Филипче прзина дека неколку дена знаел за скандалот во битолската болница каде гинеколог ѝ дозволил на својата сопруга, која не била вработена таму и е странски државјанин, да породи жена со царски рез. До вчера додека скандалот не беше објавен во медиумите, не презел ништо во врска со овој случај.

Не сум го слушнал докторот Чакароски. Немав контакт во врска со ова прашање. Нѐ информираше директорката дека има ваков случај во текот на изминатата недела, а вчера излезе во медиуми,  рече министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Денеска во битолската болница инспектори вршат увид и се чека нивниот наод, по што Министерството ќе се изјасни какви мерки ќе преземе. Филипче додаде дека ќе го чека официјалниот извештај за и самиот да даде став за ова прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.