Венко Филипче, министерот за здравство рече дека не се познава лично со Беким Сали, кој би требало да го наследи на функцијата, но дека ќе инциира состанок со него за да му ги пренесе искуствата.

Не се познавам лично со Беким Сали, но ќе иницирам средба. Ќе му оставам аманет да биде одговорен и транспарентен, пред сè, кон новинарите, изјави Филипче кој денеска беше во посета на Клиниката за ортопедски болести.

Стоматологот Сали се најавува како иден министер за здравство, како предлог на Алтернатива, новиот коалиционен партнер на Владата. Новиот состав на Владата, по оставката на премиерот Зоран Заев треба да го соопшти мандаторот и нов претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.