Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски е на одмор во Мексико. Оваа информација ја потври и самиот за „Фокус“ откако претходно дел од медиумите пишуваа дека тој можеби се дал во бегство.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дали Рашковски ќе биде во карантин по враќањето од доморот.

Не би сакал да коментирам индивидуални одлуки. Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе коишто патуваат во земји на африканскиот континент. Причина за тоа е евентуална трансимија на вирусот така наречен јужноафиркански, која што варијанта се карактиризира по тоа што многу побрзо се пренесува и се уште не се знае ефектот на вакцините на овој сој, изјави Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.