Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ.

Не, не размислувам во таа насока, одговори Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која соопшти детали за ковид-состојбата во земјава.

На прашањето, пак, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во тетовската модуларна болница од која поминаа два месеца, Филипче рече дека тоа е прашање за Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.