„Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба“, вели министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека досега околу 240 илјади граѓани се вакцинирани, а околу 200 илјади се вакцинирани.
„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче, додавајќи дека немаме прецизни информации за тоа каков е ризикот од заболување со индискиот сој.
„Многу мали се шансите да се заразите ако сте се вакцинирале“, дополни министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.