Не може светот да живее со затворени граници. Најголем проблем е локалната трансмисија, вака одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање зошто земјава не воведува задолжителен карантин за тие што доаѓаат од странство и дали има ризик да „увеземе“ бразилски сој на КОВИД.

Според Филипче, најважно е да се придржуваме до превентивните мерки.

Ланскиот втор бран, потсети, беше резултат на еден сој кој беше типичен за нашето поднебје и беше поприсутен од почетокот на ноември.

Минатата година не беше увезен никаков сој на вирус, а повторно имавме силен бран како што имаме сега. Затоа е битно, без разлика на сите форми и соеви на вирусот, да се придржуваме до превентивните мерки зашто тие се универзални и важат како превенција за кој било тип на вирус – истакна министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.