Не може да се прават свадби кога е тоа е забрането. Не може да се собираат граѓаните и притоа да не се почитуваат мерките, тоа е недозволиво, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренцијата на која беше соопштено дека во изминатото деноноќие се регистирани 175 новозаболени со ковид-19 и петмина починати.

Филипче денеска информираше дека во Охрид, на семејна прослава на која имало околу 200 луѓе, има осум позитивни на коронавирусот, додека 40 контакти се во изолација.

Друг нов кластер има во Скопје, каде што се имало свадба на која биле присутни 100 лица. Од нив, досега се евидентирани 14 позитивни на ковид-19.

Филипче рече дека епидемиолозите во случајов имале голем проблем, бидејќи присутните на свадбата одбивале да соработуваат.

Мора да се почитуваат протоколите, потенцира Филипче.

Според него, голем проблем во земјава претставува фактот што голем број од заболените од коронавирусот не даваат точни податоци на епидемиолошката анкета и одбиваат да ги кажат контактите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.