Министерот за здравство, Венко Филипче денеска порача дека не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања за време на Новогодишните празници. Според министерот мерките засега се добри.

Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодините празници сметам дека се доволни со оглед на тоа што такви собири на јавни места има и секаде. Практично ќе се достигне кулминација за време на новогодишните празници, после сето тоа ќе спласне, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично и само за Нова година би правеле некаква рестрикција кога собири има секаде, луѓе се собираат во огромен број, изјави Филипче.

Затоа, како што кажа, засега не се планираат никакви дополнитлни мерки и рестрикции.

Сметаме дека ова што е сега препорака и во однос на излез и влез во земјата, тоа да се бара целосна вакцинација, пцр тестирање или потврда за прележан ковид е сосема доволно, рече Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.