Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за ТВ21, објасни дека во затворена просторија која не се проветрува, и со голем број на луѓе кои не носат маска, ризикот на пренесување на вирусот е значително висок.

Вирусот секогаш се пренесува преку близок респираторен контакт. Тоа значи дека капките, солите што излегуваат од усната шуплина за време на зборувањето се практично капките преку кои што вирусот се пренесува. Врз основа на начинот на пренесување на вирусот практично се демензионирани и препорачани и превентивните мерки. Тоа не се работи кои што се непознати, тоа науката го знае одамна. Колку е подолг и физички поблизок контактот помеѓу некој заразен и потенцијално човек кој што би можел да се зарази, толку е поголем ризикот. И во таа смисла во затворена просторија која што не се проветрува доколку има голема концентрација и бројка на луѓе кој што не носат заштитна маска ризикот тука е исклучително висок. Доколку се носи маска, секако дека ризикот се намалува уште повеќе ако бројот на луѓе во една затворена просторија е помал и доколку истата често се проветрува, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.