Досегашните мерки дадоа резултат што се гледа во зарамнување на епидемиолошката крива, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, факторот на пренос почнал да се намалува на ниво на цела држава, со исклучок на градовите Тетово, Битола, Куманово и Кичево. Филипче ја објасни и оправданоста од најновите рестрикции во земјава.
Оваа дополнителна рестрикција има за цел да не се соочиме со дополнителен притисок заради прекршување на мерките за време на празниците. Почнуваат Рамазанските пости, пред нас е и Велигден, а сведоци сме дека минатата година прекршување на мерките за време на овие празници направи огромен број на новозаболени и притисок врз болниците, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.