Планот за дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број на пациент или се потенцијален ризик наскоро ќе биде промовиран, кажа министерот за здравство Венко Филипче во интервју за порталот „МКД“.

Тој додаде и дека здравствениот систем се подготвува за сценарија со повеќе пациенти наесен, но се надева оти луѓето ќе се придржуваат до превентивните мерки.

Имаме план за дополнителни рестрикции согласно со некои мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик, нагласува Филипче.

Според Филипче, меѓу можните мерки би можеле да бидат враќањето на полицискиот час, затворањето на училиштата и угостителските објекти, како и забраната за собири, со што од голема важност во планот за рестрикции би бил регионалниот пристап.

Според него, полошо сценарио би значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои би ги окупирале истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид.

Точно предвидување никој не може да каже, ниту една од земјите и во регионот и во Европа немала есен со пандемијата, додава Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.