Како чин на добрососедство ја оцени министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција, најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија во Србија.

Тој посочи дека утрово разговарал со министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, за тоа дали може да се организира нов пункт, кој би бил поблиску до границата за ревакцинација на македонските граѓани.

– Се очекува поголема бројка на граѓани која треба да се ревакцинира помеѓу 17 и 20 јуни. Лончар зеде обврска тој процес да го реализира, за што ќе известиме во следните денови и тоа е во насока во овие наши одлични релации и добрососедство – објасни министерот.

Според Филипче, иако засега нема точни детали, се очекува ревакцината македонските граѓани да ја добијат во некои од веќе постоечките вакцинални пунктови, се претпоставува Ниш или во Врање, но во следните неколку дена ќе бидат познати деталите.

во Србија.

Немаме договор со Србија.Тоа што излегоа во пресрет на кризата, и сега кога повикуваат за ново вакцинирање, сметаме дека тоа е еден чин на добрососедство и го почитуваме – рече министерот.

Тој посочи дека утрово разговарал со министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, за тоа дали може да се организира нов пункт, кој би бил поблиску до границата за ревакцинација на македонските граѓани.

Се очекува поголема бројка на граѓани која треба да се ревакцинира помеѓу 17 и 20 јуни. Лончар зеде обврска тој процес да го реализира, за што ќе известиме во следните денови и тоа е во насока во овие наши одлични релации и добрососедство – објасни министерот.

Според Филипче, иако засега нема точни детали, се очекува ревакцината македонските граѓани да ја добијат во некои од веќе постоечките вакцинални пунктови, се претпоставува Ниш или во Врање, но во следните неколку дена ќе бидат познати деталите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.