Во врска со денешните податоци од Институтот за јавно здравје за коронавирусот, посочи дека денеска се регистрирани 53 оздравени и тоа во Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1 и Кочани – 4. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што посочи, починаа 58- годишна пациентка од тетовско Желино, примена на Клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 – годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. Двете пациентки имале и висок крвен притисок.
– Во ГОБ „8 Септември“ почина 47-годишен пациент од Куманово, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и 66-годишен пациент од Битола, кој во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза се лекуваше во Клиничката болница во градот, рече Филипче.
Во изминатите 24 часа, истакна, направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи со Ковид – 19 и тоа во: Скопје – 4, Куманово – 5, Прилеп – 2 и Тетово – 2.
– Со ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1.399. Направени се 289 теста и тоа преку Институтот за јавно здравје –226, Ветеринарен факултет – 9, Авицена –12, Систина со PCR метода – 38 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на Ковид -19, рече Филипче
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.