Би сакал да информирам со големо жалење дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност, соопшти преку „Твитер“ министерот за здравство Венко Филипче.

Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Изразувам искрено сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Во текот на денот постојано ќе информираме за сите нови детали околу случајот, апелирам до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан, пишиува тој на „Твитер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.