Министерот за здравство, Венко Филипче се вклучи во кампањата на нивниот кандидат за претседател на Македонија. Тој оди на партисктеи митинзи каде држи говори и бара поддршка за Пендаровски.
-Со идниот претседател Стево Пендаровски заедно да одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите млади, за нашите деца, порача попладнево членот на Централниот одбор, Венко Филипче на средбите со жителите од општина Дебарца.
Филипче со жителите на Дебарца разговараше за претстојните претседателски избори, но и за позитивните промени и достигнувања во македонското здравство.
– Изминатиов период, Владата на Република Македонија предводена од СДСМ вложи многу во јавното здравство. Вработени се голем број на здравствени работници, зголемени се платите и коефициентите за исплата на дежурствата. А за првпат, приватните специјализанти земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Вложуваме напори преку одговорни политики да обезбедиме услови младите лекари да останат тука и тука да градат кариери како здравствени работници. Треба да пролжиме заедно напред. На 21 април имаме вистинска можност да гласаме за вистински претседател, кој ќе биде претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на нашата држава, потенцираше Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ реагира – Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби на епидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски. Велат амбулантите и болниците се пред распаѓање, Филипче наместо да се грижи за инфраструктурата во здравството, како и за вработените, тој се шета по митинзи и тера политика. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:
Додека граѓаните не можат да добијат основна здравствена услуга за парите кои редовно ги уплаќаат во државната каса, Филипче ги заборава и се грижи за кампањата на Пендаровски. Граѓаните очекуваат од Филипче да се грижи за здравството, работа за која зема плата од буџетот, а не да биде партиски промотор на Пендаровски. Господине Филипче наместо по митинзи да се шетате и сликате, кажете им на граѓаните до каде е изградбата на новиот клинички центар, кој доколку продолжеше по проектот на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе беше во напредна фаза на реализација, до каде е клиничкиот центар во Штип, зошто се уште нема бесплатно болничко лекување за сите, каде е платата од 100.000 денари за лекарите, зошто нема лекови во аптеките и уште многу работи кои се ваша обврска, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.