Десетте новозаболени од денеска и новодијагностицираните од вчера се поврзани со еден мал настан во Скопје, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи за препораките за олабавување на мерките за заштита од коронавирусот. Додаде дека вообичаено ваков тип епидемии траат меѓу осум и 11 недели, а кај нас сега е 11 недела. Филипче очекува високите температури да придонесат за ослабување на вирусот и намалување на преносот.

Во таа смисла упатувам порака до граѓаните. Сакам да ве уверам дека можете да бидете спокојни. Сите мерки се врз основа на стручни анализи и тие дадоа резултат. Мерките за рестрикиции се врз научни сознанија и овие препораки се темелат на истите мерки и анализи, рече Филипче.

Порача граѓаните да ги почитуваат трите клучни препраки а тоа се социјална дистанца, да се носи заштитна опрема и да се прави дезинфекција на рацете. Повика компаниите и организациите, целосно и без исклучок да се придржуваат на мерките. Тоа ќе биде услов за враќање на мерките.

Сепак рече дека има лица кои мерките не ги почитуваат па додаде дека вирусот не штеди никого.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.