Епидемијата го достигна пикот минатата недела, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Според него, од тогаш бројките се намалуваат и се стабилизираат. На 17 ноември е забележан најголем процент на заболени од тестирани 41,2 отсто кога има и најмногу новозаразени 1.407 и од тогаш бројките паѓаат.

Расте бројот на оздравени. Евидентираме високи бројки на оздравени а бројот на оздравени е зголемен за 45 проценти минатата недела во однос на претходната, рече Филипче.

Според Филипче, со тоа, здравствениот систем не е под толкав притисок. Во внатрешноста близу 1.000 легла има на располагање во трите регионални центри Битола, Тетово, Штип. Во Скопје на интерните клиники има околу 200 кревети за ковид-пациенти.  На клиниката за уво, нос и грло засега нема пациенти, но таму има 50 кревети. Во модуларните болници има дополнително 160 кревети и 40 во болницата во Козле. Мобилизиран е целокупниот кадар од сите одделнија, а за тимовите одговорини се пулмолози и анестезиолози.

Филипче рече дека помагаат и младите лекари кои се лиценцирани, а им заврши праксата и најави дека сега ќе бидат вработени.

За матичните лекари, во однос на начин и третман на пациентите, Филипче вели дека матичниот е прв кој прави проценка, индицира одредени анализи и препишува терапија. Нема специфична терапија никаде во светот. Фарипиравирот е лек за кој се водат триесет студии во светот, а ремдесивирот влијае на скратување на времето поминато во болница, не на смртноста, додава Филипче.

Ако има потреба пациентите се упатуваат во болница. Се уште има слободни кревети. Има заштитна опрема близу 1,5 милиони парчиња. Денеска ја почнуваме набавката на брзи тестови за што пари се обезбедија со ребалансот на буџетот, рече Филипче, и додаде дека досега се обезбедени 33.000 брзи тестови.

Појасни дека координација меѓу директорите во Скопје и со останатите директори низ републиката оди добро. Признава дека се случува да дојде пациент ненајавен, да има нервоза, но тоа се надминува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.