Поради ширењето на ковид-19 и зголемените бројки на новозаразени и хоспитализирани пациенти можно е да се воведат рестриктивни мерки, но засега не, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот покажаа и вчерашните резултати од тестирањата. Од направени 3.342 тестирања вчера беа регистрирани 725 нови случаи, починати 13 лица, а регистрирани 215 оздравени пациенти.

Најмногу активни има во Скопје-3153, Прилеп – 551, Кавадарци – 508, Охрид активни 434, Тетово – 259, Велес – 235, Куманово – 222. Во другите градови има под 200 активни случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Што се однесува до болничките капацитети, има места и во секој момент е спремен персоналот и за ротации. Ја следиме ситуацијата да не дојде до степен да го загрози здравствениот систем, рече министерот на промовирањето на донација за Здравствен дом Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.