Министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук информира дека мобилната болница ќе биде функционална идната недела.

Ги зголемуваме капацитетите на Инфективната клиника за згрижување на пациентите заболени од КОВИД-19. Голема благодарност до сите што учествуваа во подигнување на мобилната болница која има капацитет до 130 кревети. Работата ја завршивме во рекордно време, а болницата ќе биде функционална од текот на следата недела, напиша Филипче на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.