Сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и никој не е животно загрозен, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

По посетата на болницата заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Филипче истакна дека само еден пациент е со скрешница поради што треба да се направат дополнителни анализи и да се утврди дали ќе биде потребен хируршки зафат.

Ги посетивме пациентите. Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во контакт овие денови за по целосното стабилизирање на состојбата, пациентите да ги префрлиме на третман во Скопје, изјави Филипче.

Според него, меѓу настрадините има повеќе членови на едно семејство од кои најмладиот е девојка на возраст од 16 години, а сите други се постари меѓу 40 – 50 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.