Министерот за здравство Венко Филипче верува дека по пристигнувањето на првите вакцини преку Ковакс системот најавени за утре, в среда ќе почне масовната имунизација на населението.
Сега сме целосно посветени системот добро да функционира и целокупниот процес да се спроведе брзо и ефикаснмо затоа што веќе е направен план, први ќе бидат повикани оние критични граѓани согласно Националната страегија во здравствените домови понатаму имаме место во салата Борис Трајковски за имунизација – изјави Филипче во гостување на ТВ Сител.
Тој изјави дека има најава по 15 април за количина од близу 20.000 вакцини од системот за европска солидарност.
За април има најава и за одредена количина што ги најави Бугарија пред неколку месеци, кинеските вакцини исто така, така што верувам дека тоа ќе биде еден систем што ќе почне брзо со работа. Инаку верувам дека процесот ќе започне в среда кога ќе се завршат сите формалности околу администрацијата и документите, дозволите за употреба согласно со регулативата на Агенцијата за лекови за да имаме навистина добар систем на спроведување на процесот на вакцинација – изјави Филипче.
Тој смета дека на средината на јуни сликата ќе биде значајно поразлична со зголемување на достапноста на вакцините.
Според него, следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата.
Некаде веќе има умерено намалување, а некаде се уште не и тоа го гледаме по протисокот во болниците. Мислам дека следната недела ќе биде критична, брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас – изјави Филипче.
Тој оцени дека вакцинацијата на нашите граѓани и на другите граѓани од регионот во Србија е пријателски и многу добар гест, а најави дека оние кои нема да добијат термини за ревакцинација во Србија тоа ќе може да го сторат во државава.
Утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видам дали може да ги добиеме електронските податоци за да ги вградиме во нашиот систем, а доколку не, попладнево веќе разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт за вакцинација за тие граѓани да можат да се пријават. Тие секако добиле термини за ревакцинација, но доколку некој не може и сака тука да продолжи тоа да го испланираме во нашиот систем – изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.