Ако се зголеми бројот на инфицирани лица со новиот британски сој на ковид-19, постои можност да воведеме нови засилени рестриктивни мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за ТВ24.

Тој додаде дека засега нема потреба од нешто такво, но дека будно се следи ширењето на британската мутација.

Лично разговарав со претставници од Амбасадата на Велика Британија во земјава и сериозно ја следиме состојбата. Засега постојат две опции. Едната опција е бранот да се должи на мутацијата на вирусот, а тоа значи дека ќе треба да воведеме дополнителни рестриктивни мерки доколку забележиме дека бројот на заразени се зголемува. Втората опција е доколку станува збор за природен тек на епидемијата не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега нема потреба од воведување нови рестрикции, но будно ја следиме состојбата, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.