Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека ќе се прави скрининг во основни и средни училишта во Македонија, бидејќи има мала трансмисија на ковид-19.
Сакаме скрининг на состојбата, бидејќи децата се често и асимптоматски преносители. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од родителите и така натаму, рече Филипче.
Филипче најави дека методологијата за скрининг на тестирање на ученици во основните и средните училишта ќе се прави со брзи антигенски тестови.
По пауза од 52 недели, на први септември годинава учениците во основните и средни училишта тргнаа во училиште со физичко присуство, откако на 11 март 2020 година училиштата се затворија поради пандемијата со ковид-19. Досега од МОН нема официјална бројка на ученици и наставници кои се заразиле со ковид-19 на училиште.
Министерката за образование и наука Мила Царовска изјавува дека во училиштата нема трансмисија на коронавирус.
Вчера Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за КОВИД-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште Илинден изјави дека во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата.
Филипче денеска рече скрининг на тестирање на ученици во основните и средните училишта ќе се прави со брзи антигенски тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.