Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синофарм“ која во земја пристигна во пратка од 200 000 вакцини, кои се купени со директни преговори со производителот. Вакцините кои утрово пристигнаа во државата од наредните денови ќе бидат дистрибуирани во поголемите вакцинални пунктови во земјава, а вакцинацијата ќе започне од вторник, истакна министерот за здравство Филипче. Според неговите најави дневно ќе се вакцинираат по 10 до 15 илјади луѓе.
Министерот за здравство најави дека во наредниот период ќе стигнат уште 500.000 вакцини на „Синовак“, 100.000 вакцини од „Синофарм“, како и уште 26.000 од „Фајзер“.
„Би сакал да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа би сакал да го дадам мојот личен пример. Веројатно тоа би можеле да го организираме и следната недела“, рече министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.