Министерот за здравство Венко Филипче најави дека до граѓанскиот суд утре ќе поднесе тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кој на прес конференција зборуваше за цените и набавката на вакцините.
Филипче вели дека биле лажни и неточни информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите што се пласираат по порталите, според Филипче, биле фалсификат.
Институциите си почнаа постапки со кои ќе се докаже дека немално ништо спорно, ниту е направена каква било финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Сепак, јас веќе нема да молчам. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени – објави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.